Обука за обучувачи од Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења

185
Советници од Бирото за развој на образованието и практичари учествуваа на обука за обучувачи која беше реализирана на 21 ноември, 2019 година, во рамките на Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења. Оваа обука ја реализираа обучувачи од Факултетот за образование на наставници од Цирих, за да се овозможи запознавање на учесниците со програмата и целите на проектот.


Учесници на обуката

Преку различни методи, фокусот беше ставен на животните вештини и вештините за личен развој, методите, наставната програма, дидактичките пристапи, материјалите и менторирањето. Се дискутираше и како да се реализира мониторинг и евалуација.

Учесниците активно учествуваа во сите активности во рамки на обуката и споделуваа искуства и мислења за поддршка на наставниците во спроведувањето на програмата. Тие се стекнаа со вештини, знаење и материјали за понатамошно обучување и менторирање на наставниците во проектните училишта.


Активности во рамки на обуката

Беше одлично искуство да се слушне експертизата на колегите од универзитетот во Швајцарија. Сметам дека целата содржина, концепт на обуката како и материјалите коишто имавме можност да ги видиме, анализираме и продискутираме претставуваат добра основа за сè она што се планира да се прави на територијата на нашата држава. Материјалите имаат висок педагошки сензибилитиет и позитивната страна ја гледам во тоа што сепак се дава приоритет на педагошката слобода којашто воспитувачите, наставниците и сите оние кои работат со деца и со родители имаат можност да ја применуваат како таква. Тие допираат теми и активности кои им се особено значајни на децата“, вели Алма Тасевска, универзитетски професор и учесник на обуката.


Алма Тасевска, универзитетски професор и учесник на обуката

Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења претставува продолжение на проектот Децата и семејството во образованието (ДИСО). Со овој проект ќе се воведе дополнителен материјал за образование за демократско граѓанство и образование за човекови права и медиумски компетенции. Целта е да се ​​придонесе кон мирен соживот на различни етнички групи преку поттикнување на животни вештини во училницата.

Оваа активност е дел од Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења, финансиран од Факултетот за образование на наставници од Цирих.