Млади информатичари од ОУ Живко Брајковски учеа за Микробит

453

Кон средината на октомври, 2018 година, дваесетина основци од „Живко Брајковски“ во Бутел учествуваа на работилница „Учење на основите на Микробит“. Под менторство на своите наставнички, младите кои учат на различни наставни јазици заедно ги изучуваа основите на програмирањето.

На почетокот на активноста, наставничките им дадоа упатства на учениците за користење на основните Микробит команди за создавање на комплексни програми, со цел тие да ги разберат основните компјутерски процеси како дебагирање, псевдокод и алгоритми, но и да научат како да ги зачуваат нивните проекти и да ги споделуваат со други.

По ислушување на сите упатства, учениците пристапија кон работење на нивните микробит команди со нетрпение.  Нивната главната задача беше да создадат среќно и тажно смајли, употребувајќи ја посебната Makecode програма, додека завршниот чекор беше да го пренесат смајлито на “Микробит” чипот.

При крај на часот, дел од учениците пристапија на главната интерактивна табла за да демонстрираат како успеале да ја изготват програмата и да ја пренесат на нивниот микробит чип.

Оваа активност е дел од секцијата за програмирање со Микробит во училиштето во рамки на проектот за Јакнење на мултиетничката соработка во општините, финансиран од Детската Фондација Песталоци (ДФП). Главна цел на проектот е да ја зголеми меѓуетничката интеграција во општеството, промовирајќи мултикултурализам и активно вклучувајќи ги учениците од различна етничка припадност во разновидни активности.