Летен камп по англиски јазик за средношколци од Куманово

235
Во периодот од 30 јуни до 3 јули 2019 година, ученици од средното училиште „Перо Наков“ од Куманово учествуваа на едукативен летен камп во Струга, како дел од активностите во рамки на Access програмата.

За време на кампот, средношколците ги збогатија своите знаења за американската култура и историја, а преку спортски и други забавни активности се стекнаа со вештини за тимска работа. Учејќи за демократските вредности на Соединетите Американски Држави, младите учествуваа и во низа креативни работилници за дебата, критичко размислување и аргументирано говорење.

Учениците го посетија и Американското катче во Струга каде што разговараа за значењето на Денот на независноста на САД, кој се слави на 4 јули секоја година. Вечерите беа исполнети со дружење и забава – младите ја развиваа својата креативност преку ликовни активности, како и подготвување на музички и танцови изведби.

На кампот најмногу ми се допаднаа спортските игри, посетата на Американското катче и финалето од дебатниот турнир. Навистина уживав во времето поминато во дружење со соучениците, затоа што пријателството е една од најважните работи во животот“, изјави еден од учесниците на кампот.

Инаку, во текот на учебната година, учесниците во Access програмата редовно присуствуваат на неформални часови по англиски јазик и активности за зајакнување на тимската работа, коишто се одржуваат неколку пати месечно. Целта на Access Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик е учениците да се стекнат со одлично познавање на англискиот јазик, што може да им овозможи подобри работни места, образовни можности и добивање можност за учество и конкурирање за идни размени и учење во Соединетите Американски Држави.

Оваа активност е делот од Access Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик, финансирана од Амбасадата на САД во Северна Македонија.