Мисија, Визија, Вредности

Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) е основан во 2004 година со мисија да изготвува образовни програми и да им обезбедува услуги на образовните и другите јавни институции, локалните заедници, невладиниот сектор, деловниот сектор и граѓаните со цел да даде придонес кон континуираниот развој на граѓанското општество.

Визијата на МЦГО е да обезбедува поддршка во реализацијата на демократски промени во општеството преку континуиран развој на граѓанското општество во кое граѓаните активно учествуваат во процесот на одлучување.

Вредности и принципи на работата на МЦГО:

  • професионално и одговорно работење во невладиниот сектор;
  • обезбедување на стручност во согласност со барањата на клиентите;
  • изнаоѓање идејни решенија и методологии при реализацијата на сите програми;
  • еднаков третман на сите клиенти и партнери;
  • креативност во новите приоди;
  • обезбедување одржливост при реализацијата на сите активности;
  • активно вклучување на корисниците во процесот на креирање и изработка на програмите;
  • транспарентност и отчетност во соработката со донаторите и корисниците на услугите;
  • промовирање на вредностите за демократско граѓанство во сите сфери на работењето.