Управување и вработени

МЦГО има јасно утврдена организациска структура и одлични менаџерски и комуникациски вештини, како и вештини за градење на тимски дух. Организацијата е структурирана според законските прописи, при што се воспоставени Генерално собрание, Извршен одбор и Извршна канцеларија (извршен директор, менаџери на програми, финансиски менаџер и менаџер на канцеларија, програмски и административни асистенти). МЦГО работи според македонските законски прописи, Статутот на МЦГО и други интерни регулативи и постапки утврдени врз основа на политиките поврзани со канцелариското работење, финансиското работење, човечките ресурси, набавките и инвентарот на средства.

Генералното собрание го сочинуваат членовите на организацијата. Собранието го усвојува Статутот на МЦГО и ги врши измените и дополнувањата на истиот; именува и разрешува членови на Извршниот одбор; усвојува програмска ориентација; усвојува финансиски план и годишни финансиски извештаи; го потврдува приемот на нови членови и прекинот на членувањето; врши други активности врз основа на Статутот и применливото законодавство.

Извршниот одбор на МЦГО е извршен орган на Собранието, каде што секој член има еднакви права, задолженија и одговорности во работата и развојот на МЦГО во согласност со Статутот. Извршниот одбор ги има следните задолженија: извршување на законските и програмските задачи; усвојување и реализација на годишна програма за работа; усвојување на регулативи за функционирањето на извршната канцеларија на МЦГО; контрола врз спроведувањето на одредбите од овој Статут и контрола врз отуѓувањето на средства и приходи; вршење на други активности коишто произлегуваат од Статутот и применливото законодавство.

Во моментов, Извршната канцеларија на МЦГО е сочинета од 25 вработени:

Име Позиција E-пошта
1 Лорета Георгиева Извршен директор lgeorgieva@mcgo.org.mk
2 Небојша Мојсоски Програмски директор nmojsoski@mcgo.org.mk
3 Владимир Петрески Раководител на финансии vpetreski@mcgo.org.mk
4 Бесник Рамадани Раководител на проекти bramadani@mcgo.org.mk
5 Аница Алексова Специјалист на проект aleksova@mcgo.org.mk
6 Беса Речи Координатор на проект breci@mcgo.org.mk
7 Лири Старова Координатор на проект lstarova@mcgo.org.mk
8 Џевахире Пруси Зајази Координатор на проект xhpruthizajazi@mcgo.org.mk
9 Стела Пијанманова Стојаноска Координатор на проект spijanmanova@mcgo.org.mk
10 Игор Цветановски Раководител на канцеларија icvetanovski@mcgo.org.mk
11 Илија Илиевски Административен асистент ilievski@mcgo.org.mk
12 Ана Мицковска Ралева Координатор на проект araleva@mcgo.org.mk
13 Анета Трпевска Асистент на проект aangelkoska@mcgo.org.mk
14 Бојан Димески Асистент на проект bdimeski@mcgo.org.mk
15 Митко Пиштолов Координатор на проект mpistolov@mcgo.org.mk
16 Ивана Георгиевска Специјалист на проект igeorgievska@mcgo.org.mk
17 Драгана Урумовска Асистент на проект durumovska@mcgo.org.mk
18 Ана Мустафова Асистент на проект amustafova@mcgo.org.mk
19 Сара Кајевиќ Раководител за развој и комуникации skajevikj@mcgo.org.mk
20 Ивана Китановиќ Асистент за комуникации и социјални медиуми ikitanovikj@mcgo.org.mk
21 Наташа Илиевска Асистент за финансии nilievska@mcgo.org.mk
22 Викторија Кочовска Асистент за финансии vkocoska@mcgo.org.mk
23 Светлана Гашоска Координатор на проект sgasoska@mcgo.org.mk
24 Дорина Ѓорчева Митровска Извршен асистент dmitrovska@mcgo.org.mk
25 Елвира Хасан Хигиеничарка /